Поврзете се со нас

Свет

Барселона остана без првата ѕвезда: Миротиќ позитивен на КОВИД-19

Објавено

на

Барселона оваа недела ја очекуваат два натпревари од Евролигата, но за истите дефинитивно нема да може да смета на првата ѕвезда Никола Миротиќ.

Каталонците пред неколку денови објавија дека тренерот Шарунас Јасикевичиус ги поминал задолжителните тестови, поточно расчистил со коронавирусот и ќе може од клупата да ја води својата екипа. Воедно шпанскиот вицешампион во своето соопштение истакна дека еден играч бил позитивен на КОВИД-19, ама притоа не го обелодени неговото име.

Денеска Миротиќ ги искористи социјалните мрежи и откри дека тој е играчот кој е заразен, но и дека добро се чувствува.

-Сакам да ви кажам дека сум  позитивен на КОВИД-19 и за жал нема да настапам на денешниот натпревар. Се чувствувам добро и ги следам медицинските инструкции. Сакам да им посакам среќа на моите соиграчи, ќе ги поддржувам од далечина, -напиша Миротиќ.

Барса вечерва и гостува на Валенсија, додека за два дена го пречекува Панатинакос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни