Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона остана „без муниција“ на „Сан Мамес“, а загуби и двајца клучни играчи

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона не успеа да слави на жешкиот терен кај Атлетик Билбао и со тоа да ја намали разликата во однос на лидерот Реал Мадрид во шпанската Примера.

Гостите од Каталонија доживеаа два голему удари во првиот дел и тоа влијаеше врз играта, па и конечниот резултат. Имено Барса проади повреди ги загуби Де Јонг и Педри, двајца играчи кои ја движат средината на теренот и нивното отсуство беше огромен хендикеп на овој меч, а ќе биде и огромен проблем за тренерот Чави Ернандес ако повредите се посериозни (до репрезентативната пауза каталонците играат со Мајорка, Атлетико Мадрид, плус тука е реваншот со Наполи во ЛШ).

Ниту домаќините, ниту гостите немаа премногу шанси на соочувањето на „Сан Мамес“, имаше некои полуприлики, барање за пенали, но ништо сериозно што на крајот резултатот 0-0 е повеќе од реален.

Четата на Чави сега има 58 бода, еден помалку од Џирона и осум од лидерот Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни