Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ослободена од обвинението за подмитување во случајот „Негреира“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Фудбалскиот клуб Барселона денеска сподели дека надлежниот суд не ги прифатил доказите на обвинителството за обвинението за подмитување во случајот „Негреира“.

Барселона се терети дека му исплаќа големи суми на поранешниот потпретседател на судиската комисија во шпанската фудбалска федерација, но судот пресекол дека не постојат докази дека клубот подмитувал службено лице, бидејќи Негреира работел во приватна компанија.

Клубот го истакна решението како логично и очекувано, но тоа не значи дека Барса и неколку претседатели се целосно ослободени од случајот.

Обвинителството го терети клубот и за нечесно работење, како и за спортска корупција, што може да биде најопасната точка.

Шпанските медиуми велат дека сепак обвинителството тешко дека ќе докаже дека Барса добивала компензација за парите од Негреира, надвор од неговите консултантски услуги, додека во случајот со давање мито ќе требаше да биде докажано само дека клубот исплаќал пари на спорната сметка.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни