Шпанија
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)

Лионел Меси посочи дека бил трогнат од помислата и идејата да се врати во Барселона и да ја заврши кариерата на „Камп Ноу“, но поради отежнатите околности да се реализира цела зделка, решил да се откаже од операцијата и да му даде збор на Интер Мајами.
Аргентинската фудбалска ѕвезда дефинитивно ќе ја продолжи кариерата во клубот на Бекам и тоа самиот го потврди во интервјуто за „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, во кое даде и најискрено објаснување зошто сепак не прави кам-бек во саканата Барса.
Меси воочил многу нејаснотии и не сакал да се доведе во неизвесна ситуација како пред две години, па наместо да чека цело лето, одлучи уште во раната фаза на јуни да ги разреши сите дилеми околу неговата иднина.
Ексклузивното интервју на Лео ја откри најголемата непозната за неговата иднина, по што со официјално соопштение се јави и Барселона како клуб.
Според нивната верзија, Лапорта му понудил договор на Хорхе Меси на состанокот кој го имале на 5-ти јуни, но тогаш таткото и агент на фудбалерот го известил првиот човек на клубот за постинатиот договор со Интер Мајами.
– Изминатиов понеделник, 5-ти јуни, Хорхе Меси кој е татко и претставник на фудбалерот, го информираше Жоан Лапорта за одлуката на Лео да се приклучи на Интер Мајами и покрај тоа што беше понуден договор од Барса по изразената желба на фудбалерот за враќање.
– Претседателот Лапорта ја разбира и почитува одлуката на Меси дека сака да се натпреварува во лига со помалку барања и подалеку од центарот на вниманието после целиот притисок на кој беше изложен изминатите години. Лапорта и Хорхе Меси исто така се согласија заеднички да работат на организирање на специјално испраќање на Меси од навивачите на Барса, – се вели во соопштението.
Official statement from FC Barcelona on Leo Messi's decision to play for Inter Miamihttps://t.co/iuliiDOxsY
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 7, 2023
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)