Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона одбила понуда со која ќе бил соборен трансфер рекордот во женскиот фудбал

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBfemeni

Женската фудбалска секција на Барселона одбила да ја продаде големата ѕвезда Кира Волш и на тој начин е спречено соборување на актуелниот трансфер рекорд на светската женска фудбалска сцена.

„Би-Би-Си“ пренесува дека премиерлигашот Арсенал во последните моменти од преодниот рок, понудил 930.000 фунти или сума која надминува 1 милион евра за да го добие потписот на Волш, но шпанскиот клуб ја одбил оваа опција.

Англиската интернационалка дојде во Барса од Манчестер Сити во 2022 година за тогаш рекордни 400.000 фунти, а следното лето ќе може да замине од Шпанија како слободен агент.

Актуелниот клуб на Волш веројатно ја одбил понудата затоа што нема многу време да ангажира замена за неа, а и сезонава има големи амбиции во женската Лига на шампиони, каде триумфираше последните две сезони.

Во моментов, рекордот за најскап трансфер е во сопственост на американскиот клуб Беј ФЦ, кој за Рашел Кундананџи му плати на Мадрид дури 685.000 фунти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни