Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона објави како напредува „Камп Ноу“: Ова видео не е за чувствителни

Објавено

на

Барселона на крајот на минатата сезона се одлучи за еден голем стратешки чекор, бидејќи упрвата на клубот реши да се пресели на „Монжуик“ со цел да го разубави и модернизира својот дом.

Каталонскиот великан реши да го подмлади застарениот „Камп Ноу“ и започна мисија која веќе трае 13 месеци, а Барселона како клуб денеска објави едно интересно видео.

Направената парлела за тоа како изгледаше стадионот, и во која состојба е во овој момент ги трогна носталгичните фанови на клубот, па голем дел од нив со нетрпени го чекаат завршниот продукт.

Според планот, реконструкцијата на стадионот треба да биде готова на средина на новата натпреварувачка сезона, или некаде при крајот на месец декември.

– Овие слики не се соодветни за носталгични фанови. „Камп Ноу“ пред реновирањето и сега…. Многу емоции и спомени кај сите навивачи на Барселона, – гласи објавата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни