Поврзете се со нас

Евролига

Барселона немаше проблеми со Жалгирис, Ефес влезе во посакуваниот ритам (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Кошаркарите на Барселона минатиот викенд го освоија Купот на Шпанија, па водени од таа енергија и самодоверба прокнижија нова победа во Евролигата и тоа против составот на Жалгирис кој падна во „Палау Блауграна“.

Домаќините рутински го добија литванскиот преставник и тоа со две одлични четвртини, втората и третата кои ги реализираа со 24-13 и 23-10, па на крајот конечниот резултат гласеше 86-62. Ова за лидерот беше 18 триумф во кој најпрецизни беа капитенот Ориола и Хигинс со по 19 поени.

Интересно кај гостите немаше ниту еден играч со двоцифрен број на кошеви, прв стрелец беше Хејс со 9 поени.

Анадолу Ефес пак дојде до третото славје во низа, поточно го доби Олимпијакос во Истанбул со 76-53. Плејмејкерот Ларкин (21) и центарот  Данстон (15 поени) беа најистакнати поединци кај турскиот преставник.

Останати резултати:

Олимпија Милан-Макаби Тел Авив 87-68

Химки-Басконија 67-89

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни