Шпанија
Барселона не успеа да го регистрира Олмо, клубот со нова жалба и план Б
Дани Олмо е единственото засилување кое Барселона го обезбеди за оваа сезона, но иако операцијата со РБ Лајпциг беше успешно завршена проблематична останува неговата регистрација во Ла Лига.
Повредата на дел од играчите на каталонците беше искористена за да тој добие „зелено светло“ да настапува за клубот во првиот дел од сезоната или поточно до 31 декември. Барса во меѓувреме потпиша мега договор со „Најк“, ама и тој не е доволен за да Олмо биде регистриран и сега шпанскиот великан баран нов начин за да го задржи Шпанецот односно да не се доведе до ситуација да го загуби без пари што може да се случи ако до крајот на годинава не го реши проблемот.
Денеска Барселона доби негативен одговор од судот, па сега со нова жалба ќе се обиде да ја спаси ситуацијата на 30 декември. Меѓутоа времето изминува, тече и водечките луѓе се свесни дека мора да реагираат и се подготвени и за планот Б обезбедување екстра приход со кои ќе се подобри финансиската ситуација.
Опција е ВИП ложата на новиот Камп Ноу, продажба која би донела 120 милиони евра, сума која е далеку од онаа што ја посакуваат од 200 милиони евра. Ама со ова би бил решен проблемот со Олмо, но и со Пау Виктор, но и би помогнал при новите договори на Гави и Педри.
Останува да се види што ќе се случи, но овие ситуции покажуваа дека тимот од Каталонција се уште е далеку од идеална ситуација и покрај сите потези, најави од претседателот Лапорта дека се ќе биде во ред, односно ќе дојдат до правилото 1:1 за да можат нормално да функционираат.
-
Италија18 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП17 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Европски првенства21 час
Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)
-
Шпанија21 час
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата
-
Англија16 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Шпанија21 час
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ: Испраќањето на Надал беше некоректно, жалам што не бев до него
-
Англија17 часа
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)