Барселона не се откажува од Нејмар: Ќе направиме се што можеме да го вратиме

neymar

Шпанскиот шампион Барселона иако имаше желба не успеа да го донесе бразилскиот репрезентативец Нејмар, но клубот од Каталонија нема намера така лесно да се откаже од можноста да го доведе напаѓачот во некоја следна прилика, а тоа е во 2020 година.

Ова го порача еден од директорите на клубот, Хавиер Бордас кој потенцираше дека се додека постои желба кај Нејмар да се врати во старата средина тие ќе направат се за да постигнат договор со Пари Сен Жермен.

-Се додека сака, ние ќе направиме се што можеме да го вратиме. Што ќе се случи, ќе се случи, се постојано се менува во фудбалот, ама Нејмар е Нејмар. Случајот со Нејмар е специјален. Тој е исклучителен играч и сака да дојде во Барселона, не се прилагоди во Париз, згреши таму што отиде, тоа дури самиот го кажа, -истакна Бордас.

Facebook Коментари