Барселона не се договори со Валенсија за Родриго, нова мета е ѕвезда на Ајакс

grau-abidal

Барселона е во потрага по нов напаѓач, меѓутоа има доста проблеми за дојде до него до замена за Луис Суарез кој ќе биде во аут до крајот на сезоната.

Едно име беше на врвот на листата и тоа Родриго Морено за кого Барселона и Валенсија седнаа на преговарачка маса, но како што информираат шпанските медиуми двете страни не успеале да се договорат, да пронајдат решение и оваа приказна е завршена.

Каталонците наводно веќе се насочуваат кон друга трансфер цел, ветеранот Душан Тадиќ од Ајакс. Оваа вест ја носи италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио кој е специјализиран за случувањата на фудбалскиот пазар. Контакти веќе се воспоставени и останува да видиме дали Србинот кој има договор со Ајакс до 2023 година може да пристигне на „Камп Ноу“.

Шпанскиот и холандскиот прволигаш се во добри односи, Ајакс е елиминиран од ЛШ, па има доволно причини за да се комплетира оваа зделка.

Facebook Коментари