Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона не профитираше од вонсериското издание на Педри: Фудбалот знае да биде многу суров (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона не искористи голем број шанси против Атлетико Мадрид и дозволи гостите од шпанската престолнина да делуваат како казнена експедиција, а овој пораз беше посебно болен за Педри кој имаше вонсериско издание на „Монжуик“.

Играчот кој го постигна водечкиот гол за Барселона мораше да гледа како Облак му брани извонредна шанса за 2:1, но претходно во три наврати имаше неверојатни асистенции кои не успеаја да ги претворат во гол неговите соиграчи.

Фермин и Рафиња во два наврати ги упропастија фантастичните додавање од Педри, па на крајот офанзивниот играч за врска наместо да зборува за победа, говореше за тежок пораз кој доаѓа пред Божиќната и новогодишната пауза.

– Ова е многу тежок и болен пораз за нас. Имавме голем број шанси за да го затвориме натпреварот на време, а кога не го правите тоа, се случува тоа што ни се случи. Не фатија на спиење, ни направија контра и мора да бидеме попретпазливи во такви ситуации. Овој пораз е навистина тежок за прифаќање.

– Се обидовме на секој начин да постигнеме втор гол и да победиме. Внесовме голем интензитет од самиот старт, имавме безброј чисти шанси. Левандовски, Рафиња, па и јас….. Имавме многу шанси, а кога нема да ги искористите, фудбалот знае да биде многу суров. Загубивме многу бодови на домашен терен и мора да бидеме подобри кога играме тука. Треба да се рестартираме за време на оваа пауза и да се обидеме да не загубиме ниту еден меч кога ќе се вратиме. Мора да се вратиме гладни и со цел да направиме пресврт во Ла Лига, – изјави Педри.

Трите стопроцентни шанси кои ги креираше Педри погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни