Поврзете се со нас

Евролига

Барселона не погреши во Франција, Жалгирис врза две победи во Евролигата

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона се враќаат со убедлива победа (60:80) од гостувањето кај Асвел во Евролигата, со што ја задржуваат одличната позиција на табелата во најелитното европско натпреварување.

Шпанскиот состав го реши победникот во последниот период, а најрасположен за реализација бил Лапровитола со 25 поени на оваа средба.

за Асвел ова е трет пораз по ред, додека Барса е на првото место со ефект 9-2 во досегашниот тек на Евролигата.

Жалгирис стигна до втора победа во серија по доаѓањето на Јуре Здовц, а жртва на литванскиот состав овој пат беше Фенербахче (86:75). Улановас со 18 и Драгиќ со 13 поени биле најдобри поединци во домашниот тим кој сега има ефект 2-9, а Де Коло со 17 поени ги предводел стрелците кај поразениот Фенербахче.

Резултати од другите натпревари во Евролигата:

Уникс – Алба 85:71
Анадолу Ефес-Монако 98:77
Зенит-Милано 74:70
Олимпијакос-Макаби Т.А 90:73
Басконија-ЦСКА М 74:80

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни