Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона не му дозволи на Артур да влезе на „Камп Ноу“, клубот излезе и со соопштение

Објавено

на

Артур Мело влезе во војна со управата на Барселона откако реши да не се појави на закажаната средба при рестартот на Лигата на шампионите, но затоа Бразилецот вечерва сакал да влезе на „Камп Ноу“ и да ги гледа своите соиграчи кои играат против Наполи во осминафиналето.

Сепак, играчот за врска наишол на сериозни опструкции и не му било дозволено да влезе на стадионот на Барселона, и тоа по барање на клубот кој решил дека вратите не се отворени за играчот кој претходно покажа огромно непочитување.

Артур пристигна направен негативен ПЦР тест за коронавирус кој индивидуално го направил, но Барселона се држела до пропозициите на УЕФА и не му дозволила да влезе на стадионот.

– Артур не дојде во клубот кога требаше, не го направи ПЦР тестот кој го организираше клубот по препорака на УЕФА и тој е надвор од листата на луѓе кои смеат да влезат на стадионот. Поради тоа не е тука и не му беше дозволено да влезе. Ќе видиме што ќе правиме со него по овој натпревар, – изјави директорот за институционални односи, – Хилјермо Амор.

Инаку, Артур не пристигна во Барселона за да му помогне на тимот во обидот да оди што подалеку во Лигата на шампионите, туку конечно да пронајде заеднички јазик со клубот и да му биде раскинат договорот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни