Поврзете се со нас

Англија

Барселона не е во игра, има нов кандидат за потписот на Рашфорд

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Маркус Рашфорд се уште не знае каде ќе ја продолжи својата кариера, но јасно е дека нема иднина во редовите на Манчестер Јунајтед.

Менаџерот и клубот досега јасно му навестија дека треба да пронајде нова средина, а од досегашните преговори јасно е дека нема да заврши во Милан или Барселона.

Рашфорд сепак е најблиску до останување во Премиер лигата, а како нов претендент за неговиот потпис се појавила Астон Вила.

Екипата која игра во Лигата на шампионите може да покрие голем дел од платата на англискиот крилен напаѓач и да му овозможи да потсети на своите квалитети во ривалски тим на Јунајтед.

Во пресрет на крајот на преодниот рок, агентите на Рашфорд мора да најдат солуција, иако најголем проблем во преговорите е платата која ја добиваше фудбалерот, односно неделна сума од над 300.000 фунти.

Англиските медиуми тврдат дека не е исклучено тој да остане во Јунајтед, но тоа нема да биде најсоодветна опција бидејќи ќе биде „замрзнат“ и ќе мора да чека до лето за нов трансфер обид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни