Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона најде клуб за еден од своите дефанзивци

Објавено

на

Барселона потроши многу пари за засилувања, но паралелно работи и на продажбата на неколку играчи, кои би ги намалиле трошоците за плати во новата сезона.

Најголем проблем за Каталонците е да се ослободат од вишокот дефанзивци, а еден од нив е Оскар Мингеса, за кого се чини веќе е пронајден нов клуб.

„Спорт“ вечерва објави дека Барселона постигнала договор со Селта Виго и Мингеса ќе се пресели во ривалот од Ла Лига, за што Каталонците ќе добијат симболични 2,5 милиони евра.

Мингеса сам го избрал следниот клуб, сметајќи дека Селта има најамбициозен проект, одбивајќи ги понудите на Хетафе, Валјадолид и Џирона.

Барселона и натаму треба да најде ангажман за Умтити, Брајтвајт, Нето и Пуч, кои не се во плановите на тренерот Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни