Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона најавуваше среќен крај, а експресно објави видео за да се збогува со Меси (Видео)

Објавено

на

Информацијата дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона и покрај очекувањата дека продолжувањето на договорот е „завршена работа“, донесе непријатно изненадување за фановите на шпанскиот великан.

Крај на една ера се честите наслови на медиумите, а разделбата со Аргентинецот дефинитивно ќе влијае од сите аспекти на имиџот и играта на Барселона.

Клубот во официјалното соопштение образложи дека проблемите се административни, односно финансиски, а повеќе детали се очекуваат на утрешната прес-конференција на претседателот Жоан Лапорта.

Од друга страна, непосредно по презентирањето на информацијата, Барселона објави и видео со кое му се заблагодари на Меси за придонесот за клубот изминатите години. Огорчените фанови со право коментираат дека клубот непотребно брзо објавува вакви содржини, а очигледно и дека видеото одамна било подготвено, па епилогот не е големо изненадување за клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни