Барселона најави азиска турнеја во 2019 година

barcelona

Шпанскиот прволигаш Барселона најави дека дел од летните подготовки во 2019 година ќе ги мине на азиска турнеја, која ќе опфати гостувања во Јапонија и Кина.

Каталонците изминатите години патуваа во САД, но сега решија да ја променат стратегијата поради големиот број спонзори и фанови во азиските земји каде засега не се познати противниците.

Токму во Азија, Барселона има 11 регионални партнери, меѓу кои и главниот спонзор, компанијата „Ракутен“. Последен пат Барса одигра пријателски натпревар на азиско тло, во Катар, во 2016 година.

Facebook Коментари