Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона му нуди нов договор на Дембеле

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Лидерот во шпанската Примера, тимот на Барселона му нуди нов договор на францускиот репрезентативец Усман Дембеле.

Дембеле во еден период беше на излезни врати од Барселона, но по доаѓањето на Чави Ернандес многу работи се променија, тој доби нова улога, стана меѓу најзначајните играчи и поради тоа беше договорена соработа до 2024 година која клубот сега сака да ја дополни со уште неколку сезони.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Усман има договор на маса до 2027 годин, поточно двете страни се во разговори да ја затворат оваа операција до крајот на наредниот месец.

Останува да се види дали ќе се дојде до заедничко „ДА“, поточно дали ќе има одредени проблеми како што имаше во претходните преговори за да на крајот се се реши со потпис на крилниот напаѓач.

Усман е дел од шпанскиот великан од 2017 година кога пристигна како замена за Нејмар кој за 222 милиони евра пак заврши во ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни