Барселона му ја исполни желбата: Силесен уловен на медицински прегледи, трампата пред сама реализација

silesen-dere

Јаспер Силесен веќе подолго време вршеше притисок врз упрвата на Барселона со своите изјави, а сега каталонскиот гигант конечно му ја исполни неговата желба и му дозволи да преговара со клубот кој тој го виде како најдобра дестинација за развој на кариерата.

Холандскиот репрезентативен чувар на мрежата самостојно побара да си замине од „Камп Ноу“, со тоа што негова следна авантура во кариерата ќе биде Валенсија, тимот против кој го одигра последниот меч како играч на Барселона. Силесен ова попладне ги мина лекарските прегледи со Валенсија и веќе ја облече официјалната опрема на „лилјаците“, што значи дека само прашање на време е кога двата клуба ќе ја потврдата целосната операција.

Барселона го процени Силесен на 30 милиони евра, но наместо пари, за возврат ќе го добие Нето Мурара, досегашниот прв голман на Валенсија кој ќе се пресели на „Камп Ноу“ како поддршка за неприкосновениот Марк Андре Тер Штеген.

silesen-vale

Facebook Коментари