Поврзете се со нас

Евролига

Барселона му го расипа одличното деби на Хезоња, ЦСКА се коцкаше против Макаби

Објавено

на

blank

Двете екипи со најдобар скор досега во Евролигата, Барселона и ЦСКА Москва, обезбедија нови победи и тоа на гостински терен.

Барселона победи на гостувањето кај Панатинаикос со 77:85, а на грчкиот тим не му помогна ниту одличното деби на Марио Хезоња кој постигна 21 поен.

Уште една поранешна НБА ѕвезда, Никола Миротиќ, беше најдобар поединец на теренот и со 25 поени ја предводеше Барселона на оваа средба.

ЦСКА триумфираше против Макаби (80:84), во натпревар во кој гостите имаа плус 15 на почетокот на последниот период, а во финишот израелскиот состав стигна на само два поена негатива, но не успеа да избори продолжение.

Клајбурн со 21 и Хилиард со 17 поени беа најзаслужни за триумфот на рускиот претставник на ова гостување.

Третата победа на гостинските екипи денес ја забележа Баерн против Црвена Звезда, додека домаќински триумфи обезбедија Анадолу Ефес, Химки, Зенит и Жалгирис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни