Барселона со маестрална акција му донесе прва радост на Сетиен (Видео)

mesi-arturo

Барселона долго се мачеше со Гранада и во најголем дел имаше јалова иницијатива на „Камп Ноу“, но можеби клучниот момент се случи на 21 минута пред крајот, кога Санчез заработи црвен картон.

Фактот што Гранада која се бранеше цел меч остана со играч помалку на теренот не беше воопшто добра вест во пресрет на завршницата, а само неколку минути подоцна, добивме потврда за тоа. Барса изрежира маестрална акција во режија на Меси, Гризман и Видал, со тоа што „Кинг Артуро“ изведе генијален потег со пета, а Лео егзекутираше за 1:0 во 76-та минута.

Оваа бравурозна акција се покажа како одлучувачка за миниманата победа на Барселона на домашен терен, а со тоа, Кике Сетиен со три бода ја стартуваше својата авантура како тренер на каталонскиот гигант.

Facebook Коментари