Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона контактирала со агентот на Киеза

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Раководството на Барселона досега не успеа да го доведе Нико Вилијамс како еден од фудбалерите на кои инсистира раководството во своите долгорочни планови, па сега размислува за некоја алтернатива на трансфер пазарот.

Денеска шпанските и италијанските медиуми објавија дека Каталонците стапиле во комуникација со агентот на Федерико Киеза и побарале информација за неговите услови за евентуална соработка.

Киеза е „замрзнат“ од страна на Јувентус и треба да си пронајде нов клуб за сума од 10-15 милиони евра, па веројатно Барселона смета дека може да си ја дозволи оваа сума за да го добие италијанскиот репрезентативец.

Платата на Киеза нема да биде на нивото на кое тој посакуваше во преговорите за нов договор со Јуве, но барем тој ќе добие нов предизвик и шанса да се докажува во нова средина.

Барселона контактирала со агентот Фали Рамадани, па останува да се види дали има простор за напредок во насока на трансфер на Киеза, кој следното лето ќе биде слободен агент.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни