Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ќе се ослободи еден од офанзивците, клубот веројатно ќе го напушти Мемфис

Објавено

на

Се очекува во текот на следниот период клубот од „Камп Ноу“ да го напушти еден од двајцата офанзивци кои останаа вишок по ангажманот на неколку офанзивци во клубот.

Имено, Мемфис Депај и Пјер Емерик Обамејанг беа играчите кои доста често се поврзуваа со заминување од редовите на Барселона.

Сега, според Фабрицио Романо, само еден од овие двајца со сигурност ќе си оди од Барселона, а тоа веројатно ќе биде Мемфис Депај.

Планот бил да се ослободи и Обмаејанг доколку на адреса на Барселона стигне примамлива понуда, но Габонецот прикажа одлични партии во претсезонските натпревари и докажа дека уште може да му се верува.

За разлика од него, Мемфис ќе добие дозвола да си оди од клубот и тоа веројатно како слободен агент.

Во моментов најзагреан за негов ангажман е Јувентус кој е во потрага по нов офанзивец кој ќе му прави друштво на Влаховиќ во навалната линија на тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни