Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ќе обезбеди уште еден свој бисер, откупната клаузула ќе му биде милијарда евра

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Барселона пред неколку денови успеа да постигне договор за продолжување на соработката со Педро Гонзалес Лопез или популарниот Педри кој се согласи да остане на „Камп Ноу“ до 2026 година.

Барселона ги израдува навивачите: Педри останува на „Камп Ноу“ до 2026 година (ВИДЕО)

Сега како што информираа медиумите на Пиринеите каталонците направиле уште еден голем исчекор постигнувајќи договор со уште еден бисер, играч со блескава иднина-тоа е Ансу Фати. Имено „Спорт“ пренесува дека Барса и агентот на напаѓачот Жорже Мендеш во принцип, основа си подале рака за нов договор до 2027 година.

До подавање до рака дошло вчера во Порто со тоа што клубот мора да прифати некои плус услови.

-Моравме да прифатиме некои услови, но тоа е фер договор и добро за клубот и играчот кој ќе го заработи она што го заслужи во однос на тоа каде е сега и во иднина, -истакнал извор од клубот за „Спорт“.

Останува да видиме кога официјално ќе биде завршено со тоа што желбата на актуелниот освојувач на Купот на Шпанија е истото да го заврши и објави пред дербито со Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни