Шпанија
Барселона ќе му дозволи на Кутињо повторно да замине на уште една позајмица поради една причина
Долго време се шпекулира за иднината на бразилскиот фудбалер кој е под договор со Барселона, но кој во моментов настапува во Баерн Минхен, Фелипе Кутињо.
Офанзивецот не ги импресионираше челниците на Баерн Минхен, па неговиот договор за позајмица нема да прерасне во перманентен и тој ќе се врати во Каталонија по крајот на сезоната.
Се пишуваше дека за Кутињо има интерес од клубови од англиската Премиер лига, меѓутоа никој не е подготвен да плати близу 100 милиони евра за да ги добие неговите услуги.
Сепак, сега „Марка“ пишува дека Барселона ќе се согласела да го прати Кутињо на уште една позајмица, а причината за тоа биле финансиите.
Имено, Барселона според договорот постигнат кога Кутињо се пресели во клубот ќе треба да му плати дополнителни 25 милиони евра на Ливерпул доколку играчот одигра уште 24 натпревари следната сезона и собере вкупно 100 настапи.
За да ги избегнат овие непотребни трошоци во време на светската економска криза, од Барселона се согласиле да прифатат понуда за негова позајмица, па сега поверојатен станува неговиот премин во Челси или Тотенхем.
-
НБА12 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија6 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Италија8 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА13 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија10 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Европски купови24 часа
Алкалоид доби голема поддршка од нашата дијаспора во Италија (ФОТО)
-
АТП7 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија13 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..