Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ќе мора да плати 3000 евра за славјето на Меси (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона го оправда статусот на фаворит и ја победи Осасуна со 4-0 во првиот меч од денешната програма во Примера.

Ова беше дуел на кој најубавиот погодок го даде Антоан Гризман, но истиот падна во сенка на Лионел Меси кој 73 минута исто даде атрактивен гол кој му го посвети на Диего Армандо Марадона. Меси го соблече дресот на Барселона под кој го имаше оној на Њуелс Олд Бојс, тим за кој легендарниот Марадона настапуваше во самиот финиш на неговата кариера.

Иако ова беше посебна ситуација и потег во чест на прерано починатиот Марадона, судијата Матео Лахоз ги испочитува правилата и му додели жолт картон на капитенот на каталонците.

Според „Спорт“ за ова славје, жолт картон Барса ќе мора да плати 3000 евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни