Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ќе го „врзе“ играчот што блесна на големата сцена, откупната клаузула ќе биде милијарда евра

Објавено

на

Барселона поради лошата финансиски состојба беше едноставно принудена да се откаже од Лионел Меси за да потоа и се ослободи од Антоан Гризман со што стана јасно дека се започнува нов проект во кој главен фокус ќе бидат младите играчи, односно во прв план ќе биде популарната Ла Масија која беше заборавена во изминативе години.

Каталонците како во оваа така и во претходната кампања промовираа неколку млади имиња, а едно од нив беше Педро Гонзалес Лопез или попознат само како Педри. Педри по доаѓањето од Лас Палмас требаше постепено да биде промовиран и да добива минутажа, меѓутоа тој покажа огромно знаење, квалитет, талент, потенцијал и скоро и да не пропушти средба за Барселона, но и за шпанскиот национален тим за кого играше на СП, а потоа и на ОИ во Токио.

Барса очекува многу од него во оваа кампања и во иднина, па така според последните информаии ќе го награди играчот со нов договор до 2026 година. Повеќе медиуми пренесуваат дека се е веќе договорено и офанзивецот кој има само 18 години во наредниве денови ќе стави потпис на долгогодишен договор.

Според секогаш добро информираниот новинар Фабрицио Романо откупната клаузула ќе изнесува дури милијарда евра.

Барса и нејзиниот претседател Жоан Лапорта не планираат тука да застанат и следни цели се продолжување на соработката со одличните Ансу Фату, Роналд Араухо како и со новиот бисер од школата Гави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни