Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ќе добие најмалку едно засилување во зимскиот преоден рок

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона доби лоши вести во изминатиов период и тоа за еден од најважните играчи Гави кој за повреди за време на настапот за Шпанија и ќе отсуствува долго време од терените, поточно оваа сезона е завршена за него.

Каталонците ќе мора да се снајдат без младиот Шпанецот, но во оваа ситуација клубот доби и една добра вест која е резултат всушност на повредата на Гави. Имено актуелниот шпански шампион ќе го добие како засилување Виктор Роке, играчот кој го обезбеди претходново лето, а требаше да пристигне во 2024 година.

Барса ќе мораше да прави место за да може да смета на него уште во јануари, ама со оглед на тоа што Гави е повреден тој ќе биде „избришен“, поточно ќе има простор Роке да биде регистриран и притоа се да биде во рамки на строгите финансиски правила. Тој ќе се води како позајмен играч што значи дека Лапорта, Деко и компанија ќе можат во меѓувреме да средат некои работи за да на лето Бразилецот биде и официјално запишан како играч на екипата.

Останува да се види дали тимот од Примера ќе може да доведе уште некое засилување, тоа ќе зависи од продажбата на акциите од студиото на Барса, поточно дали ќе им бидат исплатени 40 милиони од Либеро за продажбата на 9,8 проценти.

Германците имаат проблеми да го испочитуваат договорот и клубот веќе преговара со нови инвеститори. Во случај на некое позитивно сценарио и приход од 40 милиони евра. Барса би се обидала да обезбеди уште некое име, замена за Гави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни