Барселона ја урна ЦСКА, Валенсија од минус 17 до победа во Малага (Видео)

juan-carlos-navarro

Кошаркарите на Барселона со тимска игра го срушија лидерот во Евролигата составот на ЦСКА Моска.

Шпанскиот гигант пред своите гледачи во „Палау Блауграна“ славеше со 85-72, во натпревар во кој го контролираше уште од првата четвртина. Пет играчи на домаќините беа двоцифрени, Копонен уфрли 13 поени, плејмејкерот Ертел имаше 12 поени и 8 асистенции, центарот Ориола застана на 11, додека по 10 реализираа ветеранот Наваро и Ханга.

Ова за Барса беше 6 победа во 16 натпревар, додека за ЦСКА само четврти пораз во кампањата. Најдобар кај русите беше Де Коло со 23 поени, 6 скокови и 3 асистенции.

Валенсија пак се врати од негатива од 17 поени и со двете слободни фрлања на Грин на 4 секунди до крајот славеше над Уникаха во Малага со 85-83.

Мартинез даде 17, Абалде 16 и Ван Росон 1 за победниците, а пак залудни за Уникаха беа 23 кошеви на Недовиќ.

Сосема пак очекуван беше триумфот на Панатинаикос над Анадолу Ефес од 90-79,  блескаше Калатес со 17 кошеви и 9 асистенции.

Facebook Коментари