Поврзете се со нас

Евролига

Барселона ја сруши ЦСКА во Москва, Валенсија доминантна против Звезда (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Барселона се избори за триумф над ЦСКА Москва од 88-75 во дербито на 20. коло во Евролигата.

Составот од Каталонија го загуби првиот период со 25-20, но во преостанатиот дел до надигра противникот и му го нанесе вториот пораз во меѓусебните пресметки во оваа сезона, вкупно петти во кампањата 2020/2021.

Блескаше поранешниот играч на „армејнците“ Хигинс со 25 поени и 6 скока, Абринес додаде 19, а двицифрен беше и плејмејкерот Калатес со 13 кошеви, 6 скокови и 7 асистенции.

Кај ЦСКА која и покрај негативниот резултат останува лидер во Евролигата, најпрецизен беше Џејмс со 18 кошеви.

До триумф дојде и другиот шпанскиот претставник Валенсија и тоа над Црвена Звезда со 91-71. „Лилјаците“ беа решени да ја прекинат лошата резултатска низа (три порази) и со квалитетна игра низ сите 40 минути се избори за славје од дури 20 разлика.

Пет домашни играчи беа двоцифрени, од нив најдобар беше Лабери со 16 поени. Единствена светла точка кај „црвено-белите“ беше Брајант со 21 кош.

На останатите терени, Фенербахче го надигра Панатинаикос (100-74), Зенит го доби Жалгирис (77-65), Олимпијакос на домашен паркет загуби од Асвел (69-63), додека Реал Мадрид во драмата по продолжение го совлада Баерн Минхен со 81-76.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни