Барселона ја реши Ла Риоха, Де Варгас со голгетерски учинок го засени Ристовски

borko

Најдобриот шпански ракометен колектив, Барселона дојде до победата број шест во новата сезона во АСОБАЛ лигата.

Каталонците вечерва одговорија на гостинскиот предизвик Ла Риоха со триумф од 32-25. Првиот дел беше далеку поизедначен, домаќините по 15 и 20 минути игра имаа позитива од еден гол (9-8, 11-10), но фаворитот во последните 10 минути пред одморот притисна и дојде до позитива од 17-14.

Второто полувреме донесе потврда и доминација на Барселона за конечни на крајот плус седум.

Доленец со седум гола беше најдобар, но интересно е тоа што голманот Гонзало Перез Де Варгас беше втор на оваа листа со пет погодоци и перфектен учинок. Де Варгас воедно имаше и 13 одбрани (52 проценти), додека нашиот Борко Ристовски собра 2 интервенции од вкупно 15 удари (13,3 проценти).

Facebook Коментари