Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Барселона ја надигра Севилја со 4-1 и на најдобар можен начин го искористи ремито на мадридското дерби за да комлетно се врати во трката за титулата во Шпанија.

Барса имаше лоши резултати во последните два месеци од минатата година поради што не само што ја загуби предноста на табелата туку им дозволи на Реал и Атлетико да ја минат и потоа да избегаат, но сега избраниците на Флик како одново да фаќаат ритам и по трите победи во низа сега имаат само два бода помалку од „кралевите“ и еден од „душекџиите“ што дефинитивно е најава за пеколни 15. кола до крајот.

На вечерашниот меч на „Рамон Санчез Писхуан“, гостите го отворија резултатот во 7 минута со голот на Левандовски, ама веќе во наредниот напад домаќините израмнија преку Варгас. Потоа немаше промени до стартот на вториот дел кога нововлезениот Лопез стрелаше за 2-1, а Рафиња пак во 55 минута и за 3-1.

Потоа дојде црвениот картон за Фермин со помош на ВАР, меѓутоа Барселона имаше контрола, не му дозволи на домаќинот да се размавме и во 89 минута стрелаше уште еднаш (Гарсија) за потврда на 15. сезонски триумф.

ТУКА погледнете ги сите голови.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни