Шпанија
Барселона ја продолжи соработката со Алонсо, но и со големиот талент од Ла Масија

Барселона има проблеми да ги регистрира Роналд Араухо и Гави во првата екипа и покрај тоа што пред одредено време тие се согласија да ја продолжат соработката, но во исто време клубот од „Камп Ноу“ работи на други „операции“, па така најновата вест е дека нов договор доби искусниот дефанзивец Маркос Алонсо.
Алонсо пристигна во Барселона на почетокот на месец септември и во изминатиов период одигра вкупно 19 натпревари на кои постигна 2 погодоци, поточно со своите партии го убеди клубот да му додели нов договор со важност до 30 јуни 2024 година.
Тој освен како лев бек може да игра како лево крило, стопер, поточно неговата универзалност му дава на тренерот Чави Ернандез повеќе опции. Неговата откупна клаузула сега ќе изнесува 50 милиони евра.
Во исто време каталонците со нов договор го врзаа талентираниот Анхел Аларкон кој одвреме навреме тренера со првата екипа, но и се наоѓа на списокот на Чави за натпреварите. Аларкон има 18 години и по крајот на оваа сезона ќе почне да игра за вториот тим (Барса Атлетик) со тоа што постои можност во секое време Чави да го користи и во неговиот тим.
Анхел ќе остане во сегашниот клуб најмалку до 30 јуни 2025 година, а кој ќе сега предвреме да го ангажира ќе мора да плати 400 милиони евра.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……