Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ја потврди разделбата со капитенот, играчот се огласи со емотивно видео (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Шпанскиот вицешампион Барселона и официјално ја потврди разделбата со досегашниот капитен на екипата Серхи Роберто.

На Роберто му истече договорот на крајот на месец јуни и тука стана јасно дека многу тешко ќе дојде до продолжување на соработката особено со новите промени и доаѓањето на Ханси Флик за тренер на тимот.

Меѓутоа ова прашање остана да виси во воздух се до вечерва кога Барселона и самиот играч објавија видеа, постои за разделба.

Серхи скоро две децении беше во клубот, ја мина Ла Масија, играше за Барса Б, а од 2010 почна да настапува за првата екипа.

Освои се што можеше со клубот, а најблескавиот момент дефинитивно е погодокот при епскиот камбек против ПСЖ во ЛШ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни