Шпанија
Барселона ја потврди повредата на важен играч, „виси“ за Куп финалето со Реал

Барселона го одигра најлошиот натпревар во 2025 година, но успеа да ги освои трите посакувани бода на средбата со Леганес и со тоа се зацврсти на првото место во шпанската Примера.
Овие победи кога не сте на посакуваното ниво се и тоа како значајни во овој клучен период од сезоната, ама овој меч за Барса донесе и една лоша вест-тоа е повредата на стандардниот првотимец Алехандро Балде.
Тој го напушти теренот во првиот дел или поточно во 41 минута кога неговото место го зазема Жерард Мартин кој во наредниов период ќе биде прва опција на позицијата лев бек.
Имено Барса го потврди проблемот со мускулот на Балде на левата нога и иако не соопшти колку време ќе биде во „аут“ повеќето шпански медиуми пренесуваат дека тоа ќе бидат 2-3 недели.
Tests carried out on Sunday morning on the first team player Alejandro Balde confirm that he has a distal injury to his left hamstring. His return to action with the first team will depend on his recovery. pic.twitter.com/vgoEsQZ0tF
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 13, 2025
Ова значи дека Алехандро дефинитивно виси за финалето на Копа Дел Реј со Реал Мадрид кое е закажано за 26 април, а сигурно ќе ги скокне пресметките со Борусија Дортмунд во ЛШ и лигашките со Селта Виго и Мајорка.
-
Свет21 час
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија19 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија17 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија18 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
Италија20 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА16 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА6 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона