Шпанија
Барселона ја потврди повредата на Лопез и обелодени колку време ќе паузира
Барселона има неколку играчи на листата на повредени, листа која е надополнета со уште едно име-Фермин Лопез.
Лопез играше за Шпанија на Европското првенство, потоа беше дел и од селекцијата која настапи на ОИ во Париз за да по краток одмор му се стави на располагање на тренерот Ханси Флик.
Тој потоа беше повикан од селекторот на младата шпанска селекција за пресметките со Шкотка и Унгарија, ама се повреди на првиот тренинг, повреда која беше потврдена од Барселона која и обелодени колку време ќе мора да паузира.
Имено Лопез ќе биде во „аут“ три седмици што во случајов значи дека ќе пропушти три средби во Примера (Џирона, Вилјареал, Хетафе), но и отварањето на ЛШ против Монако.
Ако се биде како што треба тој ќе биде во комбинаца за соочувањето со Осасуна на 29 септември.
-
АТПпред 18 часа
Федерер: Тешко е да се зборува за Надал, Ѓоковиќ сигурно…
-
Македонијапред 24 часа
Работнички шокиран од третолигаш во Купот на Македонија
-
Лига на шампионипред 19 часа
Пелистер немоќен против „лисиците“ од Берлин
-
Лига на шампионипред 18 часа
Газанига му подари победа на ПСЖ, Сити немаше решение за Интер (ВИДЕО)
-
Италијапред 21 час
Дел Пјеро за младата ѕвезда на Јувентус: Многу сум среќен поради него…
-
Шпанијапред 23 часа
Каталонците добија засилување: Може да заигра за Барселона по пауза од 389 дена (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 20 часа
Спарта го разби Салцбург во Прага, мирно на „Ренато Дал’Ара“ (ВИДЕО)
-
Италијапред 22 часа
Експресна реакција: Рома го официјализираше наследникот на Де Роси