Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ја потврди најлошата можна вест за повредата на Тер Штеген (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona_es

Марк Андре Тер Штеген вчера во огромни болки предвреме го заврши мечот со Вилјареал, но она од што стравуваа сите во Каталонија, официјална потврда доби ова попладне.

Фудбалскиот клуб Барселона информираше дека повредата на Тер Штеген е од најтежок можен карактер, поради што на германскиот голман ќе му биде извршена хируршка интервенција уште денеска.

Актуелниот лидер во шпанската Ла Лига ја извести јавност дека Марк заработил целосна руптура на пателарната тетивна на десното колено, повреда која важи за една од најсериозните во професионалниот спорт.

Барселона објави дека дополнителна информација за времетраење на опоравувањето ќе соопшти по извршената интервенција, но угледните доктори од Шпанија известуваат дека Тер Штеген ќе биде најмалку во аут цели осум месеци.

Тоа значи дека сезоната за Тер Штеген е завршена, па Барселона ќе мора да бара решенија во следните три месеци за носење на слободен агент, или пак да чека во јануари кога ќе може да купи замена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни