Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ја потврди адресата од која пристигнала атрактивната понуда за Јамал

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, веќе откри дека последното лето неговиот клуб одбил голема понуда за Ламин Јамал, а негов близок соработник открил и детали за истата.

Се шпекулираше дека понудата пристигнала од ПСЖ, а Енрик Масип како претставник на раководството го потврдил тоа со информацијата дека се работело за француски клуб.

Имајќи ја предвид актуелната ситуација во Франција, јасно е дека само ПСЖ може да си дозволи понуда со толку многу бројки за еден од најталентираните светски фудбалери.

– Претседателот веќе кажа дека добивме понуда од 250 милиони евра за која никогаш не се размислуваше и веднаш беше одбиена.

– Таа дојде од Франција, – рекол Масип како гостин во „Ел Чирингито“.

ПСЖ се обидел да го доведе Јамал како замена за Килијан Мбапе кој се пресели во Реал Мадрид, но Барселона не планира да се откаже од фудбалерот кој ветува блескава иднина за клубот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни