Шпанија
Барселона ја неутрализира Севилја и дојде до важен триумф на „Рамон Санчес Писхуан“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона се изборија за триумф над Севилја од 2-0 во дербито на 25. коло во Примера.
Ова беше средба во која двете екипи ги посакуваа трите бода се со цел да останат во игра за титулата во шампионатот, но каталонците беа подобри, поквалитетни, ги неутрализираа домаќините кои немаа ниту една вистинска закана кон голот на Марк Андре Тер Штеген.
Од друга страна пак Барса даде два погодоци, еднаш ја затресе и рамката од голот на домаќините преку Дест и сосема заслужено дојде до победата која е исклучително важна како во Примера така и за Купот на Шпанија со оглед на тоа што избраниците на Куман против истиот овој противник за неколку денови ќе мораат да бркаат негатива од 2-0 за пласман во финалето на ова натпреварување.
Меси беше директно инволвиран во двете клучни акции, во првата ја имаше улогата на асистент при погодокот во Дембеле во 29 минута, додека пак во 85 сам стрелаше и ги потврди трите бода.
Барса сега има 53 и на втората позиција зад Атлетико (55), тим кој има и одиграно два натпревари помалку.

- Италијапред 16 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 16 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 14 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 15 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 15 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 16 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 12 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 16 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)