Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ја наполни мрежата на Бетис (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Барселона им се врати на обврските во Ла Лига и му испорача лекција на Бетис, победувајќи го гостинот од Севилја со убедливи 5:0.

Актуелниот шпански шампион ги забавуваше своите фанови со одличен настап, а шоуто го отвори Жоао Феликс, кој го постигна првиот гол за Барса на само вториот настап за оваа екипа.

До крајот на полувремето Левандовски зголеми на 2:о, Торес и Рафиња во вториот дел ја потврдија победата, а до прв погодок во својот нов тим стигна и Жоао Кансело за конечни 5:0.

Барселона има 13 бода по пет рунди во Ла Лига и привремено ќе биде на првото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни