Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ја изненади јавноста и го договори првото засилување за наредната сезона (Видео)

Објавено

на

Барселона се соочува со сериозна финансиска состојба и поради тоа ова лето се ослободи од милионските плати на Лионел Меси и Антоан Гризман, но во период кога се прави голема реконструкција во тимот и во клубот воопшто, каталонскиот гигант ова попладне излезе со соопштение кое ја изненади цела јавност во Шпанија.

Барса информираше дека е договорено првото засилување за наредната натпреварувачка сезона, а станува збор за најголемиот фудбалски бисер од Турција кој има само 17 години.

Емре Демир постигна преддоговор со Барселона и истиот ќе биде активиран по крајот на актуелната натпреварувачка сезона, која тинејџерот ќе ја доигра во својот актуелен клуб, Кајсериспор.

Во официјалното соопштение на Барселона се наведува дека трансферот ќе изнесува 2 милиони евра плус дополнителни бонуси, па иако првично ќе биде регистиран во Барса Б, ако покаже потенцијал уште на стартот, ќе биде префрлен во првиот тим.

Младиот Емре веќе е надалеку прочуен во турскиот фудбал и важи за најмладиот стрелец во историјата на фудбалската Суперлига во оваа земја (15 години и 299 дена), нешто што ја натера Барселона да го врзе со договор до 2027-ма година и откупна клаузула од 400 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни