Поврзете се со нас

Свет

Барселона ја договори најголемата ѕвезда на Панатинаикос, Недовиќ повеќе не е „манекен“

Објавено

на

Шпанскиот кошаркарски прволигаш Барселона успеал да го договори одличниот грчки плејмејкер, Ник Калатес.

Оваа информација се вртеше и изминативе денови, но сега за истата со вест и детали излезе и специјалзираниот сајт на кошарка „Еурохупс“ кој тврди дека Калатес и Барса си подале рака за тригодишен договор.

Ник имаше уште една година од договорот со Панатинаикос, но грчкиот тим има одредени финансиски проблеми и драстично ќе го менува тимот, па се очекува најголемиот дел од ѕвездите да си заминат.

Кога се во прашање најзначајите европски клубови од Италија стигна веста дека Немања Недовиќ повеќе не е член на Олимпија Милано. По две години како „манекен“ Недовиќ си заминува од тимот со кого во 2018 година го освои италијанскиот Супер Куп.

Која ќе биде следната дестинација на Србинот се уште не е познато.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни