Поврзете се со нас

Свет

Барселона ја договори ѕвездата на Панатинаикос

Објавено

на

Екипата на Барселона успеала да дојде до потписот на еден од најдобрите европски плејмејкери Ник Калатес.

Оваа информација ја пренесоа грчките медиуми поточно „Спорт24“ според кој Калатес одлучил да каже да за понудата од Каталонија вредна 5,5 милиони американски долари за три сезони. За таа понуда известија многу медиуми во претходните денови, па се очекуваше одговорот на Ник кој по се изгледа бил позитивен и од селдната сезона ќе го гледаме во Шпанија.

Тој во 2015 година се врати во својата земја и настапуваше за Панатинаикос со кого имаше активен договор до 2021 година, меѓутоа „детелинките“ за следната сезона драстично ќе го намалат својот буџет, а тоа секако ќе донесе заминување на важни играчи како Калатес кој беше еден од најплатените си требаше за следната кампања да зарбаоти 2,3 милиони евра.

Ник има настапувано и во НБА лигата, па со него Барса ќе добие одличен плејмејкер кој и тоа како знае да ги разигрува соиграчите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни