Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ја доби битката со Наполи и обезбеди четвртфинале во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Фудбалерите на Барселона се изборија за победа над Наполи од 3-1, победа доволна за пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Каталонците по пауза од неколку години повторно се во четвртфиналето, фаза до која дојдоа до вкупен резултат од 4-2. Домаќините имаа пеколен старт на вечерашното соочување во Каталонија, па веќе по 17 минути игра водеа со 2-0.

Во 15 минута Фермин успеа да го матира Мерет,  а две минути подоцна во листата на стрелци се запиша и португалскиот репрезентативец Кансело.

Кога се изгледаше дека Барса има потполна контрола на играта прими гол во 30 минута преку Рахмани, момент кој донесе немир кај шпанскиот прволигаш. До крајот на првиот дел немаше нови промени и со 2-1 се замина на пауза, одмор по кој почетните минути им припаднаа на гостите кои се заканија преку Кварацхелија, а потоа и бараа пенал по дуелот на Осимен со Кубарси.

Потоа домаќините имаа неколку шанси, полушанси кои не беа искористени, па во 80 минута Линдстром испушти можност за гостите за да во 83 минута по најубавата акција на средбата Левандовски стрела за плус два за фаворитот.

Во завршницата калчолигашот беше поконретен, но не се тресеше мрежата на Тер Штеген што значеше дефинитивен пласман на каталонците во наредната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни