Свет
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба

Барселона доби зелено светло од Ла Лига за да преговара со Лионел Меси и тоа беше добар предзнак за Жоан Лапорта и неговите соработници, но сепак фактот што клубот не може да регистрира играчи во овој момент, на крајот направило Аргентинецот да донесе одлука која нема да ги израдува навивачите на каталонскиот гигант.
Иако Меси во секој момент ја преферирал понудата која ќе ја добие од Барса, на крајот дошло до заклучок дека може да се случи нешто како пред две години, па поради комплицираната финансиска состојба на клубот, актуелниот светски шампион е пред преселба во Америка.
Сите угледни каталонски и шпански медиуми како „Мундо Депортиво“, „Спорт“, „Марка“ и „АС“ тврдат дека Меси веќе донел одлука, односно ја прифатил третата понуда која ја добил на маса, а истата е од МЛС лигата.
Меси по се изгледа ќе игра за Интер Мајами во новата натпреварувачка сезона и решил да го избере проектот на Дејвид Бекам, што автоматски значи дека Лео ја одбил и неверојатната понуда од Саудиска Арабија која беше финансиски најпримамлива.
Ова сценарио се должи и на самиот факт што Меси сакал брзо да ја донесе својата одлука и да не остава простор за никакви шпекулации цело лето, а со истото, Аргентинецот ќе си ја оствари неисполнетата желба за која говореше во повеќе наврати, односно запознавање на културата во САД и играње во МЛС лигата.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 4 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Светпред 8 часа
Митровиќ збесна и со рафал од српски пцовки го напушти теренот во Саудиска Арабија (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти: Џирона може да се бори за титулата