Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона излезе со соопштение за здравствената состојба на Јамал и ги разочара фановите (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Поразот од Леганес не е единствена лоша вест за навивачите на Барселона, бидејќи за време на натпреварот, беше евидентно дека Ламин Јамал игра повреден уште од првото полувреме.

Зглобот на крилниот напаѓач се најде во неправилна положба при еден старт и во прв момент се доби впечаток дека Ламин веднаш ќе излезе од игра, па иако фудбалерот стисна заби и одигра добар дел од второто полувреме, на крајот беше повлечен од игра.

Барселона во секој случај не успеа да постигне израмнувачки гол и претрпе историски пораз од Леганес на „Монжуик“, но многу полоша вест за Ханси Флик е тоа што го губи Јамал на три до четири недели.

Каталонскиот великан со официјално соопштение ја исвести јавноста дека е утврдено истегнување на зглобот од прв степен, поради што Ламин ќе мора да паузира од 21 до 28 дена.

Тоа значи дека Ламин со сигурност го пропушта претстојното големо дерби за врвот против Атлетико Мадрид, нема да игра ниту на стартот на годината во Купот, а прашање е дали ќе може да настапи во полуфиналето на Суперкупот против Атлетик Билбао на 8-ми јануари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни