Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона излезе со официјално соопштение по веста за апсења на лица од клубот

Објавено

на

Утрово каталонските медиуми објавија дека шпанската полиција спровела голема акција поврзана со аферата „Барсагејт“ и уапсила неколку лица поврзани со клубот меѓу кои и поранешниот претседател, Жозеп Мариа Бартомеу.

Бартомеу беше обвинет дека потрошил големи пари на агенција која била најмена само за да ги оцрнува играчите и стручниот штаб на клубот кои биле против него во целиот овој изминат период.

По сите овие случувања веднаш со соопштение се огласија и од Барселона од каде истакнаа дека соработуваат со каталонската полиција.

– Пред каталонската полиција да влезе и да изврши претрес во просториите на „Камп Ноу“ под инструкции на судот во Барселона, кој го води случајот по повод монтираните објави на социјалните мрежи, Барселона ја понуди соработката на властите и полицијата со цел да се помогне да се разјаснат фактите кои доведоа до оваа истрага.

-Информациите и документите кои беа побарани од полицијата се однесуваат стриктно на овој случај. Барселона изразува голема почит до судскиот процес  и кон принципот на презумпцијата на невиност на луѓето погодени со оваа истрага, -стои во соопштението од Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни