Барселона излезе со официјално соопштение за контроверзната исплата во случајот „Нејмар“

kari-nek

Во текот на изминатава ноќ, угледното радио „Каталуња СЕР“ излезе со една сензационална информација поврзана со трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ, во која главен фокус беше заработката која ја остварил еден вработен од понизок ранг во клубот од „Камп Ноу“.

Реномираното радио преку својата најслушана програма пренесе дека Андре Кари заработил 6,6 милиони евра од продажбата на Нејмар на „Паркот на принцовите“, сето тоа како последица на клаузулата која постоела во првичниот договор кој го имал Бразилецот потпишан со претходниот претседател на каталонскиот гигант, Сандро Росељ.

Бидејќи оваа вест навистина доби на значење во Шпанија, со официјално соопштение ова попладне се огласи и Барселона, која пренесе дека Кари не ја добил споменатата сума од едноставна причина што воопшто не станувало збор за договор меѓу двата клуба, туку отплаќање на клаузулата на фудбалерот спротивно на волјата на Барса.

– Барселона негира дека му извршила било каква исплата на Андре Кари како посредник за заминувањето на Нејмар. Потсетуваме дека заминувањето на фудбалерот не беше договорен трансфер, туку отплаќа на откупната клаузула. Андре Кари и натаму има врска со клубот преку неговата фирма која се грижи во областа на скаутингот во Бразил, – соопштува Барса.

Facebook Коментари