Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона „издиша“ во продолженијата, Билбао ги слави браќата Вилијамс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Атлетик Билбао ја доби драмата со Барселона и обезбеди место во полуфиналето на Купот на Шпанија.

Голема борба се водеше на пресметката на „Сан Мамес“, меч кој беше решен по продолженијата во кои домаќините беа посвежи, ги искористија своите шанси и со 4-2 дојдоа до победа со која им се приклучија на Реал Сосиедад и Мајорка кои претходно дојдоа до билет за завршницата на ова натпреварување.

Браќата Ињаки и Нико Вилијамс беа кобни за каталонците, односно со нивните голови во судиските продолжение на дополнителните минути Атлетик дојде до резултат за ерупција на трибините.

Во основниот дел Гурузета и Сансет погодија за домаќините и Ламал и Левандовски за гостите од Каталонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни