Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона избра конзервативен третман и откри колку долго ќе паузира Касадо (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона успеа да направи неверојатен пресврт на гостувањето кај Атлетико Мадрид и славеше со 2:4, но оваа победа донесе и две лоши вести во вид на повреди.

Ињиго Мартинез и Марк Касадо го завршија со проблеми дербито на „Метрополитано“, но далеку полошо мина младиот играч за врска, кој всушност е откровение на сезоната за каталонците.

Касадо си нанесе штета на коленото и беше изваден во второто полувреме, а Барселона денеска извести дека се работи за оштетени лигаменти.

Поточно, Касадо има парцијално кинење на страничниот лигамент на десното колено, но донесено е одлука да не се прави оперативен зафат, туку да се оди со алтернативен третман.

Каталонскиот гигант соопшти дека е донесена одлука за конзервативниот третман по консултации со повеќе лекари, па предвидено е да паузира околу два месеци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни